Папата ги повика претприемачите, политичарите и економистите да не подлегнуваат на идеолошки економски модел, што принесува за жртва човечки животи во името на парите, додавајќи дека економскиот развој треба да има човечки облик.
– Јасно е дека за една држава економскиот раст и создавањето на богатство се неопходни нешта. Сепак, тие треба да стигнат до сите граѓани без исклучок и не во корст на некое малцинство- изјави Папата Франциско пред насобраните луѓе.
Според папата корупцијата е гангрена на народот, зло од кое страда 7-милионското население на Парагвај.
Парагвај е трета и последна земја на јужнокорејската турнеја на Папата Франциско, кој претходно ги посети Еквадор и Боливија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.