Првиот подземен парк во светот ќе биде изграден во Њујорк до 2018 година на местото на некогашната метро станица „Лаулајн“, а средствата за тој проект се обезбедуваат со помош на краудфандинг, односно собирање пари преку Интернет.
Метро станицата на длабочина од 4,5 метри под земја, која ќе биде заменета со парк со површина од еден и пол хектар, се наоѓа во фреквентниот кварт Лоуер ист Сајд на Менхетен. Творците на проектот, кој почна во 2012 година, се некогашниот инжинер на НАСА Џејмс Ремсеј и претприемачот, кој се занимава со проекти од социјално значење, Ден Бараш.
Финасирањето на проектот се врши со собирање пари од доброволни прилози преку Интернет. Досега се собрани 194 илјади долари од вкупно 2.330 донатори. За осветлување на идниот подземен парк ќе биде користена природна сончева светлина, спроведена со помош на кабли од оптички влакна, која ќе биде доволна за нормален раст на вегетацијата.
Отварањето на паркот се очекува во 2018 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Жена со нож нападна деца во градинка во Њујорк
-
Владимир Десков, Ана Ивановска Дескова и Јован Ивановски куратори од Македонија за изложбата „Towards a Concrete Utopia: Architecture in Yugoslavia 1948-1980“ во Њујорк
-
Испратил електорнска порака и потоа се самозапали во Њујорк
-
За една недела нова рунда разговори за името во Њујорк



