| четврток, 6 декември 2018 |

Повредени две момчиња откако се превртеле со автомобилот на Водно

Автомобил  од марката „Застава 101“ попладнево се превртел на патот за Водно и завршил на покривот. Медиумите попладнево известија дека станува збор за едно лице кое е повредено и кое од непознати причини изгубило контрола над возилото и се превртело. Набргу по несреќата дошло возило на медицинска помош и му биле санирани повредите на возачот, а набргу дошла и полициска екипа на увид.

Сеуште нема официјални информации од полицијата, а во меѓувреме се појави информација во медиумите дека всушност станува збор за младо момче кое штотуку ја добило возачката дозвола и ова му било прво возење. Исто така се споменува дека имало сопатник во возилото, кој заедно со возачот се пренесени во скопските клиники.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top