НАТО се сомнева дека Грција и предава на Русија тајни информации што Атина ги добива од сијузниците во Северноатланскиот сојуз, пишува американскиот „Дејли бист“, повикувајќи се на информациски извори од западните специјални служби, објавува „Дневник“.
-Многумина во МАТО се плашат дека информациите што ги делат со Грција во сферата н разузнавањеро стигнуваат до Москва, пишува „Дејли бист“.
Притоа весникот цитира неименуван претставник на НАТО која ја изразил лутината што владее во седиштето на алијанската каде што на грчките претставници гледаат со се поголема недоверба.
Весникот потсетува дека НАТО неодамна го намали бројот на соработници во руската мисија при алијансата кои според мислењето на Брисел во најголем број се разузнавачи. Сега се појави страв дека оваа „загуба“ може да биде надоместена со помош на Грција.
-Тие (Грците) се само „технички“ на наша страна. Американските специјални служби никогаш немале целосна доверба во нив, го цитира весникот еден поранешен службеник на ЦИА кој се занимавал со Грција.
Притоа „Дејли бист“ повикувајќи се на извори во специјалните служби, наведува дека откако на власт во Грција дошла СИРИЗА и меѓу Атина и Москва почна да се развива потесна соработка, бројот на руски разузнавачи кои работат по дипломатско покритие во Атина дополнително се зголемил. Пријателските средби на грчките претставници на руските специјални служби кои ги забележала разузнавачката служба во НАТО предизвикуваат загриженост и дискусии во Брисел и Вашингтон.
Во меѓувреме, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и хрватскиот премиер Зоран Милановиќ во заедничка изјава по вчерашната средба оценија дека Грција е силен сојузник, но и потенцијален безбедносен проблем во рамките на НАТО.
-Грција беше и остана силен сојузник. Грчката влада повеќе пати потври дека нема да ја поврзува дожничката криза со својата цврста посветеност на НАТО, истакна Столтенберг одговарајќи на новинарско прашање.
Милановиќ наведе дека ситуацијата во грција ја смета за најголем безбедносен проблем.
-Тоа не е прашање со кое НАТО директно треба да се занимава, но сето тоа што се случува или би можело да се случи е безбедносно прашање, истакна хрватскиот премиер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција