| четврток, 6 декември 2018 |

Што се случи со грчкиот пензионер чии фотографии го обиколија светот

Гиоргос Шатзифотиадис (77), грчкиот пензионер чии фотографии го потресоа светот, а за него пишуваа и бројни медиуми ширум светот, стана симбол на грчката трагедија, а набрзо многумина се јавиле за да му помогнат.

gr-d2

Еден од нив е бизнисмен од Австралија кој бил трогнат од оваа фотографија, па решил да дојде во Европа за да му помогне. Набрзо се испоставило дека Гиоргос му е смеен пријател.
Ги повикувам сите свои пријатели да му помогнат на овој човек – напишал на својот Фејсбук профил и ветил дека ќе му дава пензија „колку што ќе му биде потребно“.

gr-d3
Потсетуваме, фотографиите настанаа тој ден кога Гиоргос безуспешно стоел во редот пред три банки во Солун како би ја подигнал пензијата на својата сопруга, а кога му рекле дека тоа не може да го направи, се расплакал.
Фотографијата на која тој седи пред банка и отворено плаче од очај, додека на земјата крај него лежат штедна книшка и лична карта, ја забележал фотограф на француска агенција.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top