| четврток, 6 декември 2018 |

Мигрантите кои предизвикаа пожар се на слобода

Двете мигрантски семејства кои го предизвикаа пожарот во Визбегво само што излегоа од центарот. После три месеци затворени таму, добија дозвола за слобода, објави телевизијата „Телма“. Велат дека синоќа ја запалиле хартијата оти биле револтирани што предолго чекаат да сведочат пред суд  иако тоа еднаш веќе го сториле пред обвинителството.

– Ние сакаме слобода, сто дена сме сведоци. Зошто 100 дена не чуваат како сведоци.

Вчера вечер дојде шефот, разговараше со нас и денеска утрото ми даде мене и на моето семејство документ за азил. Ми врати се,ми го врати телефонот и моите пари. И ми даде документ за азил за слобода. Денеска имам слобода после сто дена. Зошто толку долго не држеа како сведоци, не ми е јасно. Омар Мухамед, мигрант

Синоќа се случи инцидентот во кој во една од собите две семејства гореа заплливи предмети со цел да предизвикаат внимание кај институциите. Интервенираа и пожарната и полицијата но и социјални работници. Според неофицијални информации бунт се кренал и во центаро во Гази Баба но од полицијата ги демантираат овие тврдења.

Денеска во Визбегово беше мирно. Мигрантите кои се наоѓаат во отворениот дел слободно излегуваа надвор, но се жалат дека предолго се задржувани без никаково објаснување. Овој бегалец вели дека после осум месеци престој во Гази баба каде условите се катастрофални, пред една недела е префрлен во Визбегово. Сака да земине кон Европа.

– Ние сме тука само поради законот тие не држеа долго време во Гази Баба и постојано викавме слобода слобода слобода и после тоа ни дадоа слобода. Се обидов да соберам пари од Грција, но сега Грција има премногу проблеми банките се затворени па чекам пари. Мухамед Бабалусен = Мигрант

Инаку министерството за внатрешни до сега издало 10 400 документи за намера за азил на мигрантите. Од пред еден час семејството на Омер и уште еден мигрант со осум деца и две жени се на слобода и планираат својот пат да го продолжат до Германија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top