| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќето емигранти во Европа минале низ Грција

мигранти

Околу 150 илјади емигранти и бегалци пристигнале во Европа преку Средоземно Море од почетокот на годинава и повеќето од нив се прифатени во Грција. Тоа го соопшти денеска Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

Според нив, во Грција пристигнале 75,9 илјади луѓе, а во Италија околу 74.900 луѓе.

Минатата година преку Медитеранот во Италија пристигнале околу 170 илјади луѓе додека во Грција само 34.500 луѓе.

– Сега работите се променија. Во првата половина од годината во Грција се регистрирани 69.000 емигранти – изјави Џоел Милман, портпарол на ИОМ.

Речиси 60 отсто од тие луѓе се бегалци од Сирија, како и од Авганистан, Ирак, Еритреја и Сомалија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top