| четврток, 6 декември 2018 |

Оланд: Грчките предлози се сериозни

Претседателот на Франција, Франсоа Оланд, ги оцени грчките предлози доставени синоќа до доверителите на Атина – ЕУ и ММФ, како „сериозни кои заслужуваат доверба“, јавува дописникот на МИА од Париз.

oland1

Според францускиот претседател, програмата на Владата на грчкиот премиер Алексис Ципрас ја покажува решителноста на Грција да остане во еврозоната.

Тој притоа апелираше преговорите да продолжат со „волја да се склучи договор“.

Париз, и посебно Оланд, во преговорите меѓу Атина и нејзините кредитори играше улога на посредник, посебно со Берлин.

Според некои француски медиуми, и експерти од Франција биле вклучени во изработката на грчката програма, која беше доставена до доверителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top