| четврток, 6 декември 2018 |

На денешен ден Марлон Брандо одби „Оскар“ (видео)

Еден од најинтересните моменти во историјата на доделувањето на филмските награди „Оскар“ се случи на денешен ден, 28 март, во 1973 година. Таа година наградата „Оскар“ за главна машка улога ја освои Марлон Брандо, за улогата во филмот „Кум“, но тој одби да ја прими наградата поради дискриминирачкиот однос на Холивуд кон американските Индијанци.

marlon brrando

Мадлон Брандо не се ни појави на свеченото доделување на наградите, туку во свое име ја испрати Сашин Литлфедар, припадничка на племето Апачи, која одржа потресен говор пред присутните и истрпи свиреж, но и аплауз од публиката. Брандо со одбивањето на „Оскар“ стана само еден од тројцата актери што го сториле тоа во историјата на најпопуларната филмска награда, по Џорџ С. Скот и Дадли Николс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top