Новиот источен блок – Кина, Русија и Индија – ги обединува силите, е насловот на „Њузвик“ за средбата на Шангајската организација за соработка (СЦО).
Весникот наведува дека, практично непозната на Западот, оваа меѓународна организација вклучува земји кои претставуваат половина од светското население.
– Ако надежите на водечките поддржувачи, посебно на Русија, бидат реализирани, 15. самит на СЦО што се одржува во рускиот град Уфа, ќе значи дека малку познатата организација во минатото, ќе почне да предизвикува многу поголемо внимание на Западот – истакнува „Њузвик“.
СЦО планира да ги покани за полноправни членки и Индија и Пакистан со цел да го прошири своето влијание во Јужна Азија.
Во главниот град на руската република Башкирија од 8 до 10 јули се одржуваат самитите на БРИКС, како и на Шангајскатна организација за соработка, во која членуваат Кина, Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Узбекистан и Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.