На хрватскиот полуостров Пељешац вчера попладне избувна пожар што зафати 70 хектари борова шума, пред да биде спречено неговото ширење, изјави командантот на противпожарната служба на Дубровачко-неретванската Жупанија, Стјепан Симовиќ.
– Површината на пожарот е голема, на терен се околу 80 пожарникари. До неодамна на помош беа вклучени и два канадери. Ситуацијата сега е релативно добра и се очекува пожарот да биде успешно неутрализиран во текот на денот – изјави Симовиќ.
Според Симовиќ, пожарот е далеку од домовите и најмногу гори над ветерната електрана „Пониква“.
Ова е втор пожар во јужниот дел на Хрватска за помалку од една недела. Минатиот петок на ридот Велеч во приморјето на Дубровник изгореа 70 хектари густа борова шума. За пожарот е приведен 37-годишен маж, против кого е покренато обвинение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.