| четврток, 6 декември 2018 |

Закон за психичко вознемирување по изборите

мобинг 2 По локалните избори се очекува да биде донесен закон за психичко вознемирување предложен од Сојузот на синдикати на Македонија. Економско-социјалниот совет го прифати текстот на законот. Според претседателот на ССМ, Живко Митревски, законот ја разработува целокупната постапка за утврдување психичко вознемирување и санкциите што би следувале доколку се утврди ваквата појава.

– Она што досега претставуваше најголема тешкотија е тоа што имаше само еден член за психичко вознемирување вграден во Законот за работни односи. Тој не беше доволен бидејќи во него не се дефинирани правата и обврските на работодавецот и работникот во текот на утврдувањето на постапката. Значи, досега не постоеше постапка на кој начин ќе биде утврдено психичкото вознемирување во претпријатието – изјави Митревски.

Тој најави и иницијатива за измени на Законот за работни односи во делот на колективното договарање. Ќе бараат задолжително спроведување на колективните договори и зголемување на санциите доколку не се реализираат овие договори.мобинг

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top