Во Битола за помош на нивниот сограѓанин оваа недела се организираат два настани.
Во недела, 12 јули Петровден, во летниот клуб „Позитив“ ќе настапат неколку битолски диџеи.
Во четврток, пак, на 16 јули во Музејот во Битола со почеток во 21 часот ќе се одржи хуманитарен концерт за помош на младиот Пеце Роговски.
На концертот ќе пеат Ламбе Алабакоски и Димитар Андоновски, а специјален гостин ќе биде и Мики Јовановски – Џафер.
Картите се 150 денари, а средствата собрани од влезниците ќе бидат донирани на сметката на Роговски.
Триесет и едногодишниот битолчанец Пеце Роговоски пред околу една година беше опериран од туморозна творба, т.е лопосаркома миџсоидес на лева глутеална регија на пластична хирургија, во државната болница во Скопје. После тоа беше опериран уште еднаш, а потоа следеше зрачна терапија.
ВИП: 077 – 143 – 610
ONE: 075 – 143 – 600
T-Mobile: 070 – 143 -181
Сметка за донации во Македонија:
Роговски Пеце
290500007892819
ТТК Банка
200002877989992
Стопанска Банка А.Д. Скопје
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





