Хозе Бен Кабалеро (40) и неговата девојка Елиса Алварез (21) се осудени за секс на плажа.
Елиса треба да плати казна од 300 долари, додека фитнер тренерот Бен во понеделникот бил осуден на две ипол години затвор, пишува „Дејли Меил“.
Иако парот тврдел дека немале секс на плажата, судот ги демантирал со видеото кое го снимила една постара жена на јавната плажа во Флорида. Видеото погледнете го тука.
Очевидци изјавиле дека додека тие имале секс на плажата имало повеќе семејства и тригодишно дете.
На поротата не и било потребно многу време да ги прогласи за виновни.
Инаку Бен добил остра казна, бидејќи претходно бил осудуван за шверц на кокаин, а давал и отпор при апсењето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




