Победничката на првата сезона на музичкото шоу „Ѕвездичките на Пинк“, Марија Сердар (14) освен тоа што има моќен вокал има и големо срце.
Таа за српски „Блиц“ изјавила дека една од наградите кои ги добила во музичкото шоу ќе им ја подари на децата со аутизам.
– Вачучерот од 100.000 динари за шопинг во една продавница за играчки одлулчив да ја подарам за Здружението „Аутизам, право на живот“, бидејќи сметам дека тоа ним им е најпотрено отколку на мене -изјавила Марија.
Таа додала дека не е свесна дека победила во популарното музичко шоу.
– Бев во комплетен шок. Се уште не стигнав да се одморам – вели Марија.
Оваа талентирана тинејџерка вели дека доколку биде повикана да учествува на Евровизија, би се воодушевила од тоа, и дека е прекрасно на таков начин да ја претставува својата земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


