Германската канцеларка Ангела Меркел за време на нејзината денешна посета на Сараево повтори дека кратење на долгот на Атина кон доверителите не е опција за излез на Грција од кризата.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, Меркел објасни дека во 2012 година еврозоната се соочила со прашањето на одржливост на грчкиот долг, поради што морала да преземе низа чекори како одлагање на роковите за исплата на кредитите, со што еврогрупата стекнала искуство потребно за решавање на кризата.
– Реков дека класично отпишување на долговите не доаѓа предвид. Тој мој став не е променет од вчера до денес – изјави Меркел објаснувајќи ги разликите во ставите меѓу неа и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), од каде стигнаа заложби за значително простување на долгот на Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција