Грчкото Министерство за економија, инфрастурктура, трговска морнарица ги демантира тврдењата кои се појавија во медиумите за недостиг на храна во земјата, јави ТАСС.
Пред референдумот во Грција на 5 јули, одделни европски медиуми и весникот „Гардијан“ објавија дека контролата врз движењето на капитал воведена од страна на грчките власти предизвикал недостиг на храна и лекови во земјата.
– Во Грција има доволни количини храна и цените остануваат непроменети – се наведува во соопштението.
Министерството додава дека соработува со снабдувачите на стоки и оти се преземени сите можни мерки за обезбедување стоки за широка потрошувачка во Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.