| четврток, 6 декември 2018 |

Ципрас пред истекот на рокот ќе изнесе конкретен предлог за реформи

ципрас3Премиерот на Грција, Алексис Ципрас, како што најави, денеска во Брисел ќе изнесе конкретен предлог за реформи пред кредиторите, што подразбира и реструктуирање на грчкиот долг.

Тој вчера пред пратениците на Европскиот парламент порача дека сака одржлив договор и дека резултатот од референдумот на кој Грците рекоа „не“ на строгите мерки за штедење, е мандат за праведен договор, а не за раскин на врската со Европа.

– Преземам целосна одговорност за тоа што се случи во последните пет месеци и уверувам дека Грците во изминатите пет години вложија голем напор. Сакаме договор кој ќе подразбира кредибилни реформи со најмала можност за рецесивни мерки со агенда за раст. Нашиот предлог предвидува реструктуирање на долгот  – рекол Ципрас и истакнува дека тоа нема да ги оптовари европските граѓани.

Јавниот долг на Грција мора да биде одржлив, заклучи Ципрас. Парите од кредиторите никогаш не стигнаа до грчките граѓани, туку заминуваа за спасување на европските банки, укажа грчкиот премиер, кој вчера на седницата на ЕП претрпе тешки критики од кои некои дури и навредливи, на сметка на однесувањето на Грција.

Директорката на ММФ, Кристин Лагард, најави дека отпишување на дел од грчкиот долг е неопходно, но Германија силно се противи на таа идеја.

Администрацијата на Барак Обама предупреди дека ако Европа дозволи економски колапс на Грција, тоа би било геополитичка грешка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top