| четврток, 6 декември 2018 |

Образованието мора да се води според бизнисот

ivanov-gjorgjeДојден е часот кога треба да го преиспитаме односот меѓу образованието и реалните потреби на бизнисот и општетството, порача претседателот Иванов на конференцијата посветена на соработката меѓу бизнис- заедницата и универзитетите како клуч за зголемување на вработеноста кај студентите.

– За нашите студенти и компании да бидат вистински конкурентни, мора целосно да се надмине состојбата во која понудата не одговара на побарувачката. Свесен сум дека постои реален вакуум во нашиот образовен систем. Недостигаат практичната настава и апликативно знаење. Цената за тоа ја плаќаат младите кадри, компаниите, но и македонската заедница – рече Иванов.

Она кон што се стремиме е економија втемелена на знаења, економија која ќе се гради на тројно партнерство меѓу универзитетите, приватниот сектор и државата, додаде претседателот.

Американскиот амбасадор во Македонија, Пол Волерс, смета дека младите во земјава се интелигентни, ентузијасти и вредни луѓе кои можат да бидат светла иднина за земјата.

– Но, мора да бидеме реални. Ова е свет кој многу брзо се менува и во кој има голема конкуренција. Затоа треба да се осигураме дека амбициите на овие млади луѓе може да се напреваруваат со останатиот дел од светот и да ги прошируиваат македонските компании и надвор во светот, тогаш бизнис-заедницата и универзитетите треба да работат заедно и да овозможат тие да добијат вештини кои ги бараат македонските работодавачи – рече Волерс.

Конференцијата е во организација на Американско-македонската стопанска комора  „AmCham“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top