| четврток, 6 декември 2018 |

Три лица повредени во сообраќајка на патот Куманово ­- Скопје

­ Три лица се повредени во сообраќајна незгода што се случила утрово на регионалниот пат Куманово – ­Скопје кај Ново Село.

policija

 

Како што информираше портпаролот на СВР Куманово, Валентина Николовска, сообраќајната незгода се случила кога автомобил „ауди а4“ поради недоволно држење растојание удрил во товарно моторно возило „ивеко“. Двете возила се движеле кон Куманово. Аудито со кумановски регистарски таблички го управувал 19-годишниот С.Ј. од липковско Ропаљце, кој се движел зад товарното возило со битолски регистарски таблички, управуван од 48 – годишниот кумановец Б.П.

Во сообраќајката повредени се сопатник од товарното возило и две лица од автомобилот.

Дежурниот хирург од кумановската болница,доктор Зоран Стојковски информираше дека кај едното лице има повреда на десната страна од градниот кош, по што по укажаната помош е задржана на оспервација. Другите двајца повредени се здобиле со телесни повреди.

Увид на местото на настанот изврши екипа на СВР Куманово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top