| четврток, 6 декември 2018 |

Ципрас: Сакаме комромис за да се избегне поделба во ЕУ

Сакаме компромис за да се избегне поделба во ЕУ, истакна грчкиот премиер Алексис Ципрас пред европратениците, јави дописникот на МИА од Сразбур. ­

cipras-2

– Ние добивме мандат за да најдеме трајно и праведно решение со избегнување на замките од минатото, кои ја осудија грчката економија. Ние сакаме чесен компромис за да се спречи поделба. Сите ние сме свесни за влоговите и сме подготвени да ја преземеме нашата историска одговорност, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас при неговиот говор пред Европскиот парламент. ­

– Никаде овие програми не беа толку тешки и долги како во Грција. Но, мојата земја во последниве години стана поле за експериментирање на штедењето. Мора да се соочиме со реалноста дека експериментот не успеа, нагласи Ципрас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top