Големи проблеми има шкотскиот претсавник во Европа Лигата, Абердин, пред реваншот утре со Шкендија во првото квалификациско коло. Градот потона во вода по големото невреме, а не се знае во каква состојба е стадионот.
Раководството на клубот ја сопре продажбата на билети на билетарницата пред стадионот поради поплавите и навивачите на Абердин ќе продолжат да купуваат влезници по телефон и он-лајн преку интернет.
Мечот треба да се игра утре од 20,45 часот. Првиот дуел во Скопје заврши нерешено 1-1.
Погледнете каква е состојбата со поплавите во Абердин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.