Германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека по јасното “НЕ” на грчкиот референдумот за понудата на меѓународните кредитори за условите за продолжување на финансиската помош, дека еврозоната се уште верува во договор со Грција за останување на оваа јужноевропска земја во рамки на земјите што го користат еврото како национална валута, јави дописникот на МИА од Брисел.
При пристигнувањето на вечерашниот Самит на Еврозоната, Меркел потенцираше дека се уште во Европската унија се верува во солидарност на европско, но и одговорност на национално ниво.
– По истекувањето на втората програма за помош и повеќе од јасното “Не” на референдумот во Грција, се уште и понатаму нема подлога за преговорите за програмата во рамки на Европскиот механизам за стабилност (ЕСМ). И понатаму веруваме во солидарност на европско ниво и одговорност на национално ниво и овие две работи не може да се издвојуваат. Со други зборови, без солидарност, нема можност за помош. Без солидарност и реформа, не е можно да отидеме таму каде што сакаме. Сега ќе расправаме за следните чекори, но нема да ја добиеме конечната слика - посочи Меркел.
Со оглед на тоа што за утре, новиот грчки министер за финансии Евклит Цакалотос се очекува да ја претстави најновата понуда од Грција за решавање на закочените односи меѓу неговата земја и межѓународните кредтирои, првата дама на германската политика предупреди дека се повеќе недостасува време за договор.
– Не се во прашање недели, туку неколку денови. Ќе видиме што грчкиот премиер ќе ни каже - истакна Меркел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција