Музичари од Студентскиот оркестар од Утрехт, Холандија денеска приредија концерт за децата хоспитализирани на одделите на Клиниката за детски болести во Скопје.
Организирани во три групи музичарите одржаа мали концерти на Одделот за хемато-онокологија, во Амфитеатарот на Клиниката и во игротеката на приземниот спрат со цел да ги анимираат децата кои на Клиниката имаат подолг престој, пренесува МИА.
Студентскиот оркестар од Утрехт е основан 1823 година и е најстариот симфониски оркестар во Холандија. Секоја година оркестарот посетува различна држава пренесувајќи ја својата музика на различни култури. На своите тури, повеќе од 17 години, тие се предводени од нивниот диригент и уметнички директор Бас Полард.
Во Македонија покрај во Клиниката за детски болести ќе одржат концерти и во рамките на Скопско туристичко Лето, Летниот Фестивал во Битола, во Домот за деца без родители – 11 Октомври и на уште неколку локации.
Настапот на Студентскиот оркестар од Утрехт е резултат на соработката на Клиниката за детски болести и Амбасадата на Кралството Холандија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.