Коњаниците кои оваа година ќе учествуваат во 37. традиционален коњички марш по повод македонскиот национален празник Илинден од понеделник официјално ќе ги почнат своите интензивни тренинзи покрај кејот на реката Вардар.
„Илинденскиот марш 2015“, што го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“, на кој ќе учествуваат коњаници од различна возраст, од 15 до 60 години, ќе стартува на 27 јули од паркот „Јане Сандански“ во општина Аеродром, а ќе заврши на 2 август во Крушево.
Општина Аеродром традиционално го поддржува коњичкиот марш повеќе години и ќе продолжи да ја негува традицијата бидејќи Илинденскиот марш е најголемата и најзначајна културна манифестација во Аеродром.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.