Грција денеска се соочува со последна шанса да остане во еврозоната, кога премиерот Алексис Ципрас ќе поднесе предлог на итниот самит на еврозоната, откако грчките гласачи убедливо ги отфрлија условите за штедење, јави дописникот на МИА од Атина.
Во услови кога грчките банки брзо остануваат без готовина и Европската централна банка полека ја стега јамката на финансирање, Ципрас мора да ги убеди другите 18 европски лидери, од кои многумина се иритирани по пет години од грчката криза, во скоро време да почнат преговори за нов голем заем за спас на земјата, коментира „Катимерини“.
Лидерите на Германија и Франција, двете главни сили во еврозоната, соопштија дека вратата за договор се уште е отворена, со цел Грција да се спаси од економска криза и да не го напушти еврото.
Но, германската канцеларка Ангела Меркел јасно стави до знаење дека е до Ципрас да излезе со убедливи предлози откако Атина отфрли зголемување на даноците, намалување на трошоците, пензиски и трудови реформи, кои беа на маса пред да истече нејзината финансиска помош минатата недела.
Од грчка страна, клучот за правење каков било политички прифатлив договор, ќе биде да се освои посилна заложба од страна на Меркел и другите кредитори да го реструктуираат огромниот долг на Грција, за кој Меѓународниот монетарен фонд вели дека е неодржлив.
Без поцврсти заложби за отпишување на долгот или барем дел од него, ниту Грција, ниту ММФ, најверојатно, нема да прифатат договор. Но, тоа може да биде повеќе од што може да прифати Германија и нејзините северени сојузници.
– Вратата за преговори е отворена, но не преостанува многу време и ситуацијата е итна и за Грција и за Европа, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд на заедничка прес-конференција со Меркел во Париз.
На денешниот самит на еврозоната, кој ќе почне попладне во Брисел, во прашање е многу повеќе од иднината на Грција, земја со 11 милиони жители што сочинува само два отсто од економското производство и населението на еврозоната.
Ако грчките банки снемаат пари и земјата мора да печати свои пари, тоа би можело да доведе до состојба на напуштање на еврото за првпат откако беше воведено во 1999 година, со што ќе се создаде преседан и ќе се подгреат сомневањата во врска со долгорочната одржливост на нецелосна Европска монетарна унија.
– Дури и ако тоа не предизвика домино ефект на кус рок, интегритетот на еврозоната ќе се соочи со нова закана со секоја епизода на политичка неизвесност во рамките на земјите-членки, изјави Тибо Мерсие, аналитичар на „БНП Парибас“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција