| четврток, 6 декември 2018 |

Филмот „Деца на Сонцето“ на фестивал во Варна

Филмот „Деца на Сонцето“ во режија на Антонио Митриќески ќе се прикажува во конкуренција за Најдобар балкански филм на Интернационал Филм Фестивал во Варна, Бугарија.

Годинашното 23-то издание на Интернационал Филм Фестивал во Варна, Бугарија, ќе се одржува од 21 до 27 август.

На 13 август филмот „Деца на Сонцето“ ќе го отвори и Опен фест Струмица. Денеска започна и дистрибуцијата на филмот во САД и Канада преку мрежата на Амазон, соопшти продуцентската куќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top