| четврток, 6 декември 2018 |

Мино Рајола смисли трампа, Ибрахимовиќ за Мастур во Милан

mino rajola

Менаџерот на Златан Ибрахимовиќ, Мино Рајол,а не се откажува од враќањето на шведската ѕвезда во Милан.
По доведувањето на двајцата напаѓачи, Карлос Бака и Луиз Андриано, работите околу доведувањето на Ибрахимовиќ во Милан се стишаа, но сепак овој трансфер сѐ уште е актуелен.
Пари Сен-Жермен би го ослободил популарниот Ибра, но секако не без обесштетување, кое Милан не сака да го плати.
Рајола најде решение во трампата на Ибрахимовиќ и младиот играч на Милан Мастур, на кого стручњаците му предвидуваат блескава кариера.
Мастур е на метата на ПСЖ и челниците на парискиот клуб би можеле да загризаат на оваа понуда.
Милан и натаму продолжува да го засилува тимот, а следна цел е засилување на средниот ред. Прва цел е Аксел Витсел од Зенит со кого се договорени личните услови со „росонерите“, но клубот од Санкт Петербург не сака да ја намали цената, која изнесува 30 милиони евра.
Свежите пари од новиот акционер во Милан ќе пристигнат по 20.јули кога се очекува „ранетиот лав“ пожестоко да настапи на трансфер пазарот и да доведе уште неколку врвни имиња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top