| четврток, 6 декември 2018 |

Валс: Излезот на Грција од еврозоната е ризик за светската економија

MANUEL VALLS ANNONCE LA FIN DE L'AIDE AU RETOUR DES ROMS

Евентуално излегување на Грција од еврозоната ќе претставува ризик за економскиот раст и за светската економија, смета францускиот премиер Мануел Валс.

Како што јави дописникот на МИА, Валс нагласува дека е убеден оти не можат да се прифатат ризиците од евентуално излегување на Грција од еврозоната и дека Париз ќе направи сѐ за да ја задржи Грција во монетарната унија.

Францускиот премиер во утринското интервју за радиото РТЛ вели дека нема табу-теми за репрограмирање на грчкиот долг, додавајќи дека, сепак, постојат основи за договор со грчката влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top