Над 1.350 лица беа евакуирани од своите домови во североисточната шпанска област Арагон поради пожар.
Жителите на пет села биле евакуирани, меѓу кои и жители на дом за стари лица. Тие биле однесени до соседни градови.
Пожарот се разгорел вчера попладне. Ветровитото време го разгорело уште повеќе, а горештините во Шпанија само ја усложнуваат ситуацијата.
Со огнената стихија се борат 500 пожарникари и 26 авиони-цистерни. Веќе изгореле 2.500 хектари шума, според Министерството за земјоделство и животна средина.
Во соседна Португалија околу сто пожарникари се борат со пожар, што избувна вчера вечер во шумата Алкоберташ, северно од Лисабон
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.