| четврток, 6 декември 2018 |

Четири можни епилози за грчката криза

Аналитичарот Џим Рид од „Дојче банка“ смета дека по грчкиот референдум постојат четири можни сценарија за таа држава.

banki2

Тој тврди дека најмалку веројатно е сценарио партнерите од еврозоната на Грција да и понудат многу „помека“ програма односно поволен пакет мерки.

Со голема веројатност е и опцијата Грција да попушти и да остане во еврозоната благодарение на рекапитализацијата на своите банки со европски пари, при што грчката Влада за своите фискални потреби би користела само домашни извори на приходи.

Трето можно сценарио за Рид е актуелната грчка Влада да ја загуби власта бидејќи поради затворените банки има се поголеми економски и политички проблеми и се создава нова влада на национално единство која со кредиторите постигнува нов договор.

Четвртото сценарио подразбира излегување на Грција од еврозоната. За тоа да се случи, главниот аналитичар на таа банка, Стефан Шнајдер смета дека шансите се 40 отсто. Шнајдер тврди дека ЕЦБ веројатно ќе сочека одлука на министрите од еврозоната во вторник пред да отпушти какви било дополнителни средства за Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top