Насер Ештрефи е обвинет за убиство на Ангел Петровски од Ѓорче Петров и доби казна од 14 години затвор. Пресудата судот ја донесе доцна попладнево по целодневното изнесување на завршните зборови на обвинителството и на одбраната.
Убиството се случи лани во мај кога Ештрефи се обидел да му украде велосипед на 18-годишниот Ангел по што тој со татко му почнале да го бркаат за да го фатат крадецот. Се случила тепачка во која Ангел смртно бил погоден во срцето со нож со сечиво долго 14 сантиметри. Ештрефи беше веднаш приведен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.