Српскиот центар Бобан Марјановиќ имаше сезона од соништата во дресот на Црвена Звезда. Тој е прогласен за МВП на првиот дел од сезоната во Евролигата во групната фаза и го првлече вниманието на најголемите клубови во Европа.
За вистинскиот горостас (223 см) сериозно загризаа Барселона и Анадолу Ефес, но тој сеуште се надева на понуда од некоја НБА екипа и веќе следната сезона да го гледаме преку барата.
Тој во разговорот за „Еурохупс“ нагласува дека посакува да игра во НБА лигата.
– Запознаен сум за понудите од големите европски екипи, но јас сакам да играм во НБА лигата. Сакам да почекам со одлуката каде ќе ја продолжам кариерата и ако се појави добра понуда би сакал да се обидам во САД – изјави Марјановиќ заблагодарувајќи се на Црвена Звезда која му овозможи да напредува во кариерата.
– Беше лесно да се игра со фантастични соиграчи, одличен тренер и прекрасна публика – заврши Боби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.