| четврток, 6 декември 2018 |

Аца Лукас со концерт во Охрид

Српската музичка ѕвезда Аца Лукас на 25 јули ќе ја отвори охридската концертна сезона со летен концерт на плажата „Немо“ во Охрид.

До 15 јули цената на влезниците е 250 денари. Од 15 јули, цената ќе биде 300 денари и истите можете да ги набавите низ локалните кафулиња и киосци во Охрид, продажната мрежа на „Купикарти за се“, како и на денот на концертот на самата плажа Немо.

Аца Лукас со години наназад важи за миленик на македонската публика. Честопати е гостин на македонско тло, а пред извесно време изјави и дека би сакал свој стан со македонска, односно охридска адреса. Во моментов е актуелен како член на жири комисијата во „Ѕвездите на Гранд“.

Настапот ќе трае до раните утрински часови и освен Лукас на сцената ќе се појават уште многу музички гости.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top