| четврток, 6 декември 2018 |

Осум убиени, од кои три деца, за време на прославата на Денот на независноста на САД

CJCVriWWUAA9TG_Осум луѓе се убиени, а 41 се повредени во 33 вооружени инциденти што се случиле само во Чикаго за време на прославата на Денот на независноста на САД.

Меѓу жртвите е и седумгодишно дете кое било застрелано во гради додека одело дома од местото каде што се прославувал празникот во близина на неговиот дом, информираат американските власти.

Според полицијата, детето било застрелано со огнено оружје во населбата Бамболт Парк. Членовите на семејството тврдат дека го прославувале Денот на независноста кога одекнале истрели.

Меѓу осумте жртви се регистрирани и 15-годишно девојче и 16-годишно момче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top