| четврток, 6 декември 2018 |

Лудница во центарот на Атина: Грците слават иако не знаат што ги чека во понеделник (видео)

-Ќе гладуваме во секој случај. Вака барем им покажавме дека ќе гладуваме достоинствено.

P11103121_866390S0

Во неочекуван преврат, бидејќи до 22 часот по грчко време преброени се половина од гласовите, 5 милиони, против кредиторите гласаа 61,3 проценти ид грчките избирачи. На улиците на Атина почна големо славење. Сообраќајот е прекинат, луѓето пеат, се веат знамиња, плачат од среќа.

P11103131_866393S0

Иако никој со сигурност не знае што ќе се случи во понеделник, со нетрпение се очекува обраќањето на премиерот Алексис Ципрас победникот на овој референдум, на нацијата.

P11103231_866387S0

Шефовите на еврозоната, се зборува во Атина, најавиле состанок веќе утре бидејќи никој не очекувал дека до вчера тесната разлика во јавното мислење вака брзо ќе се стопи и дека Грција така резолутно ќе рече „не“. Ова, се разбира, сеуште не се официјални резултати, а во некој поголем преврат речиси никој не верува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top