Најпознатото име во светот на пророштвата, францускиот претскажувач од еврејско потекло предвидел многу настани кои навистина се случиле. Бројни се неговите предвидувања зададени во интригантни стихови, а оние кои сметаат дека досега се погодил веруваат дека грешки може да направат само оние што ги толкуваат неговите зборови. Но, еве што Нострадамус предвидел за 2015-та година.
Според некои претстажувања на Нострадамус веќе сме навлезени во 13-годишниот циклус во кој се одлучува за сидбината на планетата и човештвото. Тој циклус почнал во 2012 година, а ќе заврши во 2025 година. Претходниот циклус беше од 1999 година до 2012 година и почна со бомбардирањето на Србија. Според некои пресметки и толкувања на Нострадамус, распадот на Европската унија ќе почне токму оваа година-2015. Ќе се формираат групи од по три држави кои ќе создадат свои целини внатре во Унијата што ќе доведе до слабеење и отцепување од ЕУ. Но, истовремено ќе се случува нешто многу поопасно, бидејќи човекот ќе мора да се бори со природните сили. Според Нострадамус ќе дојде до поместување на Земјините полови што ќе предизвика ново ледено доба во одредени делови од планетата. Сегашните Северен и Јужен пол ќе се стопат, но не поради глобалното затоплување, туку поради преместувањето на поларните ледени капи! Во пределот на САД, на сегашните 50 степени географска ширина ќе се формира нов Северен пол, а Јужниот ќе се најде југозападно од Австралија. Сведоци сме дека изминатата година во САД настапи поларна клима со температури од – 50 степени, па дури и -60 степени Целзиусови. Гледавме фотографии од замрзнати Нијагарини водопади, но и замрзнато тропско овошје на инаку, секогаш топлата Флорида.
Нострадамус најавува потонување на Земјата во „амбис на планетарен мрак“, поради појава на некоја астероид односно планетоид од космосот. Него овој видовит човек го нарекува „Брат на Месечината“, а астероидот би можел да донесе големо заладување и ново ледено доба.
Доколку навистина се случи поместување на ледената капа од Арктикот на значителен дел од територијата на САД, тоа ќе значи и слабење на геостратешката положба на оваа земја што може да имплицира и со нови војни. Може да се очекува дека најголемата светска воена сила нема да седи со скрстени раце и дека ќе сака да се дограби до други нови потопли територии, а тоа може да доведе до судири од поширок светски размер, па дури и да предизвика Трета светска војна…
Некои сметаат дека тој период би значел уништување на Њујорк, градот кој лежи на 45 степени географска ширина.
– Небото ќе годи на четириесет и пет степени.
Оган ќе му се доближи на големиот град.
Со оган ќе го уништат нивниот град,
срцето зло и студено,
крв ќе се лие,
ќе нема милост за никого. “
Ситховите се однесуваат на „новиот голем град“. Њујорк е еден од најголемите градови на светот, но неговиот стар и нов назив го содржат зборот „нов“. Најпрвин се викал Нов Амстердам, а потоа Нов Јорк. Њујорк сеуште го носи и надимакот „В“.
Нострадамус предвидел и неочекувани настани на Блискиот исток, на кои западните сили немаат вистински одговор. Имено, би требало да следува големо обединување на муслиманите.
„Од една арапска земја,
ќе биде роден следбеник на Мухамед,
Ќе влезе во Европа носејќи син турбан,
Ќе има терор во човештвото,
Никогаш поголем хорор “
Како што гледаме на дело е создавањето на Исламската држава во која итаат доброволци од цел свет. Дали „следбеникот на Мухамед“ од стиховите на Нострадамус е Абу Бакр ал Багдади, водачот на ИС? Познати се неговите намери за пробив во Европа, на мета се земјите од Балканот. Дали исламската држава ќе се прошири како што има мабиции или ќе биде само иницијална каписла за нешто слично останува да видиме.
Истовремено на планетата ќе се случуваат драматични промени. Ќе се случат огромни поплави, „се ќе се слее во една река“. Ќе ги следат силни земјотреси. Промената на половите ќе предизвика Балканот од територија со континентална клима да премине во многу топол појас и на овие простори температурите ќе бидат многу високи .
Првиот разорен земјотрес би можел да се случи во Турција, а потоа следната 2016 година би следеле потреси на црногорското приморје. Земјотресите би продолжиле да ја тресат областа на европскиот дел на Средоземното море, а особено Италија и Шпанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Замислете си го прашањето и одговорот ќе те одбере тебе: Кругот на Нострадамус точно ја открива иднината!
-
Откриени предвидувања на Нострадамус за 2018 година: Економски колапс, ерупција на Везуф, Трета светска војна…
-
Ова е застрашувачката прогноза на Нострадамус за 2018
-
Нострадамус предвиде: 2018 ќе ја одбележат пет грозни настани!