Актуелниот шампион и лидер во генералнот пласман во Формула 1 Луис Хамилтон беше најбрз на денешната трка што се возеше за ГН на Велика Британија на легендарната патека во Силверстоун.
Тој стартуваше од пол-позицијата и со вкупно време од 1:31.27.729 часа триумфираше пред клупскиот колега Нико Розберг од Мерцедес.
Стартот не беше најуспешен за Хамилтон бидејќи Фелипе Маса беше лидер се до 22.круг, но потоа ја презеде првата позиција и не ја испушти до крајот.
Тоа е трета победа на домашно тло за Хамилтон. Ниту дождот кој се појави во вториот дел од трката не го наруши ритамот на Луис Хамилтон.
Розберг заостана 11 секунди зад победникот, а подиумот го комплетираше Себастијан Фетел како третопласиран. На четвртата позиција се најде Фелипе Маса, а во првите десет имаше место и за Валтери Ботас, Данил Квјат, Нико Хулкенберг, Кими Раиконен, Серхио Перез и Фернандо Алонсо. Тоа е прв бод за Фернандо Алонсо оваа сезона.
Луис Хамилтон ја оствари петтата победа оваа сезона, се зацврсти на врвот во генералниот пласман со 194 бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.