| четврток, 6 декември 2018 |

Анџелина Џоли проговори за разводот: Ме освои државник од една мала земја во срцето на Европа!

Овие денови се повеќе се говори за разводот на актерската двојка Анџелина Џоли и Бред Пит, па американската актерка проговори за еден американски таблоид, објави порталот „Ексклузива.ба“ Таа во интервју открила некои чудни информации и наговестила дека во нејзиниот живот влегол нов маж.

-Минатата година во една мала држава во срцето на Европа го запознав нивниот државник, кој ме освои во секоја смисла на зборот. Иако во изгледот многу потсетува на мојот сопруг, морам да признам дека е многу позгоден од него, останала таинствена Анџелина.

Босанските медиуми го истражувале нејзиното минатогодишно движење и дошле до податок дека е мошне извесно да станува збор за Бакир Изетбеговиќ. Дали е вистина ќе покаже времето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top