| четврток, 6 декември 2018 |

Силна експлозија го стресе Акрополот во Атина

Силна експлозија го потресе центарот на Атина синоќа околу 20.30 часот во близина на Акропол.

Според грчката полиција, во експлозијата никој не е повреден. Првичните резултати од истрагата упатуваат дека мета на нападот била куќата на грчки бродосопственик кој живее во близина на најпознатиот грчки споменик.

Непосредно пред експлозијата, непознат човек се јавил во тамошен весник и најавил дека бомба ќе експлодира во 20.30 часот пред куќата на бродосопственикот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top