Автомобил со скопски регистарски ознаки утрово се превртел кај новиот кружен тек на крстосницата помеѓу булевар „Туристичка“ и улица „Бистрица“, објави Охридњуз.
Според неофицијални информации возилото кое се движело од влезот, кон центарот на градот, директно се удрило во извичникот на кружниот тек, по што изгубило контрола и се превртело на коловозот. На местото на несреќата веднаш излегле полициски службеници кои извршиле увид, по што ќе бидат соопштени повеќе детали за несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.