| четврток, 6 декември 2018 |

Дванаесетчлено британско семејство и се приклучило на Исламска држава

Британско семејство од 12 членови, кое пред неколку недели исчезна од британскиот град Лутон, и се приклучило на групата Исламска држава”, информира самата група во писмо испратено до телевизијата Би-Би-Си.

Како што јавува ТАСС, на почетокот на април 12-те членови на семејството заминале на одмор во Бангладеш, од каде заминале за Турција. Потоа престанале да одговараат на телефонските позиви на роднините од Велика Британија и полицијата претпоставувала дека можеби заминале за Сирија, кај џихадистите од ИД.

„Им се обраќаме на сите кои се загрижени за нашата судбина: не се секирајте, сега сме побезбедни од кога било порано“, се наведува во писмото испратени до Би-Би-Си, со кое се лиферувани и две фотографии од семејството.

„Дојдовме во земјата на Алах, слободна од корупција, угнетување и закони измислени од луѓето“, се наведува уште во писмото.

Според податоците на властите во моментов над 700 Британци војуваат во редовите на ИД, а поголемиот дел од нив се млади муслимани, родени во Обединетото кралство, каде западнале под влијание на радикалните проповедници. Многу од нив можат да се вратат во секој момент и да извршуваат терористички акции, стравуваат британските власти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top