| четврток, 6 декември 2018 |

Лион ја одреди цената за Лаказет

Првакот на Франција Пари Сен Жермен сериозно е заинтереисран за напаѓачот на Лион, Александре Лаказет.
„Светците“ во овој летен преоден рок повторно ќе можат да трошат многу пари, откако УЕФА ги попушти стегите на финансискиот ферплеј за богатите европски клубови. Оттаму и најавите дека ПСЖ многу брзо ќе испрати официјална понуда за Лаказет.

Ако пред завршувањето на сезоната Лион истакнуваше дека нема да го продаде доколку не инкасира 50 милиони евра, сега работите се малку поинакви. Француските медиуми пишуваат дека Лион одредил цена од 30 милиони евра за својот најдобар играч.

Како стојат работите во Франција, ПСЖ е многу блиску до ангажирање на фантастичниот напаѓач кој беше најдобар играч на Лион во минатата сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top