| четврток, 6 декември 2018 |

Човекот што ги бранеше Садам Хусеин и Милошевиќ не бил адвокат, туку обичен измамник

 Италијанецот Џовани ди Стефано, познат како адвокатот на ѓаволот, воопшто не бил адвокат, туку обичен измамник кој ги лажел своите клиенти за голема сума пари. Ди Стефано е познат по тоа што ги застапувал Садам Хусеин и Слободан Милошевиќ, се доведува во врска и со претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе, и егзекутираниот лидер на Ал каеда, Осама бин Ладен.

Одлуката ја донела порота во лондонскиот суд. Во неа се вели дека Ди Стефано немал правни квалификации и не бил регистриран за вршење адвокатура, ниту во Италија ниту во Британија.

Кралскиот суд го прогласил виновен по 25 точки од обвинението за измама, перење пари и фалсификување во периодот од 2004 година до 2012 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top