Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека односите меѓу САД и Русија се клуч за меѓународната безбедност и повик на дијалог, заснован на еднаквост и почитување.
– Односите меѓу двете земји се „клучен фактор за гарантирање на стабилноста и безбедноста во светот, и покрај нашите разлики“, напиша Путин во порака до својот американски колега Барак Обама по повод Денот на независноста на САД.
– Русија и САД се способни да пронајдат решенија за најтешките меѓународни проблеми и да се спротивстават на сите закани и предизвици во светот, напиша Путин во телеграмата објавена од Кремљ.
Русија е во конфликт главно поради украинското прашање. Москва го обвинува Вашингтон дека врши притисок врз Европа да наложи санкции на русија. Високи руски воени претставници го сметаат присуството на НАТО во Источна Европа за закана за безбедноста на Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


