| четврток, 6 декември 2018 |

Ретро совети за Југословенките – како да се однесувате на плажа

b25ba181ff90b9918cfec140413d871d

Советите се однесуваат на понежниот пол, а во принцип им порачуваат на младите Југословенки да се држат настрана од нападни, презгодни, не толку згодни и смешни момци.

4fb3afcee5028ae7447210d0baf1a630

Мај 1973: Се ближи моментот кога вие и уште стотина илјади момчиња и девојки, ќе ги спакувате куферите и ќе одите на летување. Без оглед на тоа колку дена ќе останете, секако дека ќе сакате сите денови да ви бидат пријатни. Веројатно потајно сакате и некоја љубовна романса. Не е тешко да привлечете машки кога сте млади, опремени со мини фустан, макси очила и поцрнета кожа, но мора да внимавате да не го привлечете погрешниот тип на мажи. Само така ќе успеете да си поминете убаво на летувањето. Затоа, прочитајте ги овие неколку совети и потоа проверете дали ви биле корисни.

d609f8524a739070eeae4cf32b2ba6a3

 

На патот натаму

По пат ќе сретнете многу луѓе кои повторно ќе ги видите. Лесно може да се случи уште при самото доаѓање да ви се залепи некој младич, можеби не толку згоден, но очигледно желен за вашето друштво.

ИЗБЕГНУВАЈТЕ точно да кажете каде ќе престојувате или однапред да закажете состанок со таков младич. Ова брзо додворување е многу ласкаво, но летото уште не започнало. Ако веднаш се врзете, може да испадне дека момчето е досада и напорен, и можеби ќе ве спречи да се запознаете со некој друг, позгоден од него.

Исто така чувајте се од ПРЕМНОГУ згодните мажи, посебно ако се водичи или возачи. Тие им се додворуваат на сите жени на истиот начин, повторувајте си го тоа во себе.

Ако патувате во група, избегнувајте ги момците кои се најзабавните во друштвото. Пријатно е да се насмееш, но тоа лесно може да прејде во досада кога ќе му ги слушаш вицевите по петти пат.

Држете се до трезвени и внимателни момчиња, кои нема многу да ве засмеваат но ќе останат со вас до самиот крај.

b4929ecf570a814ab625ff06a5d1adb9

Кога ќе стигнете

Запомнете дека младичот, вашиот прв сосед во хотелот, мотелот, шаторот или каде било, може да биде супер друштво во првиот ден, но може да стане досаден ако од него не можете да се откачите две недели. Посебно не е пожелно да налетате на некој заштитнички тип кој ќе се меша во сите ваши љубовни авантури.

Може да му се обратите на секое момче кое изгледа пристојно и да го замолите да ви каже каде се наоѓа плажата, поштата, продавницата за сувенири и слично (дури и ако го знаете тоа!), а тој сигурно ќе ви одговори…па дури и може ќе ве испрати до таму.

Избегнувајте момчиња што се прават паметни и тврдат дека знаат фантастични места на кои би сакале да ве одведат, а ги нема на ниеден туристички водич.

0f730b0e071b96bd4ad4e2c2d8d39f6d

На плажа

Треба да избегнувате момци кои никогаш немаат ситно при рака, па вие плаќате за чадор, лежалка и сладолед. Дечко-циција на летување е уште постиснат, да знаете.

Добро размислете со кој ќе се најдете навечер. Прекрасниот, исончан дечко, идол на 90% од жените на плажа, може да се претвори во многу досаден и глупав дечко.

Не го занемарувајте момчето кое половина ден го поминува на плажа градејќи замок од песок или толку се занел во фудбалот што не гледа ништо околу себе.

Кога ќе падне ноќ, фудбалскиот жар престанува, па дечкото може да испадне дека е сосема пристоен и забавен. Затоа, следете го тренингот, вратете ја топката ако излета од теренот, волшебно смешкајте се и чекајте!

6b892844ee5a47d68c270bc56e36dc93

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top