| четврток, 6 декември 2018 |

Геровски по којзнае којпат со навреди кон македонскиот народ

Народот или е ненормален или корумпиран, пишува Бранко Геровски и по којзнае којпат го вреќа македонскиот народ.

За ппозицискиот новинар, инаку еден од неформалните советници на опозицискиот лидер Зоран Заев, корумпирани се и обичните граѓани, а меѓународниот фактор бил виновен затоа што не мисли како него.

Тие што го поддржуваат Груевски, или се ненормални или се корумпирани. Проблемот е што корумпирани има многу – цели партии, раководства, институции, обични граѓани, ппишува уредникот на порталот „Плусинфо“ и весникот „Слободен печат“ Бранко Героски  на својот ФБ профил .

Со ова, Героски практично ги навреди сите граѓани на Република Македонија, а директно над 630.000 граѓани што гласаа за актуелната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која освои речиси половина милион гласови.

Главниот опозициски стратег со ова освен тоа што му испрати на Заев уште еден совет дека Груевски морал да се повлече, тој практично продолжува да ги одработува парите на СОРОС кои го добива, што всушност го прави еден од перјаниците на СДСМ кој е во групата интелектуални рекетари- платеници, кои се корумпирани и одработуваат колку што ќе ги платат.

На социјалните мрежи веќе се крена голема прашина околу ваквите навреди на Героски, како и десетици остри коментари против него со барање тој да се извини.

Упатените коментираат дека ваквите нервозни реакции се доказ за паранојата која владее во опозицискиот блок и стравот од избори, што се гледа и во однесувањето на Заев кој нелогично уценува и измислува нови услови само колку да избегне да се соочи со народот и да нема избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top