Две години по егзекуцијата на тетовците Екрем Салија (45) и Христо Узунов (42) во Бреша, италијанската полиција го пронајде пиштолот со кој се верува дека се убиени, пишува „Дневник“.
Во тек се балистички и форензички вештачења, кои треба да потврдат дека од истото оружје се убиени тетовците.
Според тамошните медиуми, оружјето било пронајдено на имотот на таткото на Черубини. Старецот ѝ рекол на полицијата дека го забележал синот пред да биде уапсен како нешто копа, но не знаел што и зошто. Полициските инспектори на 22 февруари почнале преглед на земјиштето во близина на Kастилјоне дела Стивере. Потрагата низ овоштарниците дала резултат и војниците пронашле закопан пакет замотан во целофан и восочна хартија, а бил облепен и со селотејп. Внатре имало исправен пиштол „хеклер и кох кал. 9 x 21“ без муниција.
Судот во Бреша во два одвоени судски процеса ги осуди поранешниот полицаец Даниеле Саравини (35) и екскарабинерот Луке Черубини (40) на доживотна робија за двојното убиство.
Сѐ уште не е почнато судењето против третиот обвинет, обезбедувачот Андреа Волони (37), кој беше уапсен во Тунис, а треба да биде екстрадиран во Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Демографска катастрофа ѝ се заканува на Италија, стана втора најстара држава во светот
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија



