Незадоволството од досегашното работење на градоначалникот на Струмица Зоран Заев, денеска преку прес-конференција и барање на оставка го искажаа жители од Турското маало во Струмица.
Абди Демиров, жител од овој кварт, побара градоначалникот Заев да поднесе оставка и да се распишат нови предвремени локални избори во општина Струмица.
– Заев треба да си замине од позицијата градоначалник, да се соочи со народот и да се распишат нови локални избори, бидејќи не е градоначалник на струмичани. Тој е само лидер на неговата партија и не обрнува ниту тронка внимание за градот Струмица и сака да ја втурне државата во пропаст. Наместо да бега и да држи пресови во Скопје и други градови, нека дојде тука во Струмица. Со барањето на мито од 200.000 евра тој остана без образ, а со криминалните тендери докажа дека е нечесен. Ние граѓаните протестираме три месеци, секој ден, но тој не се огласи. Затоа време е да се соочи со народот на избори – рече Демиров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Актерите од „Забрането смеење“: Публиката да се впушти во една театарска авантура
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Заев за грчки „Еуроњуз”: На Македонија не ѝ се потребни избори