Русокосата лото-девојка Марјана Станојковска и Жарко Димитриоски од „Еден на еден“, ќе бидат водители на овогодинешниот фестивал на пивото и на скарата во Прилеп.
Општината е подготвена за 13. издание на „Пивофест“, кога повторно се очекуваат илјадници гости во четирите фестивалски вечери.
Првата вечер ќе настапуваат Слаткаристика, „Љубојна“, Саша Ковачевиќ и диџеите Славе, Мето, Мартин Антена и Синиша, а на 17 јули ќе ги видиме „Радио Актив“, „ZAA“, „ДНК“ и „Прљаво Казалиште“.
Сабота, третиот ден од фестивалот ќе почне со македонскиот фолк-изведувач Наум Петрески, а ќе продолжи со Неда Украден и со Оливер Драгоевиќ.
Последниот ден свои настапи ќе имаат Ален Хасановиќ, Гоца Тржан и Дино Мерлин.
„Пивофест 2015“ ќе трае од 16 до 19 јули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.